Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

Од:

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија, како одговор на значителното намалување на бројот на вработени во руската Амбасада во Талин и уништувањето на односите со Москва во целина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„На 23 јануари во руското Министерство за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Естонија, Маргус Лајдре. Беше изразен остар протест против постапките на естонските власти. Амбасадорот на Република Естонија мора да ја напушти Руската Федерација до 7 февруари 2023 година“, се вели во соопштението.

Според руското МНР одговорноста за развојот на оваа ситуација во односите меѓу Русија и Естонија целосно и припаѓа на естонската страна. Се додава дека Кремљ ќе продолжи да одговара на „непријателските чекори преземени од естонското раководство“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји