Русија го казни Твитер со три милиони рубљи

Од:

Судот во Москва денеска го казни Твитер со три милиони рубљи (околу 37.000 евра), бидејќи, како што се наведува во образложението, одбил да ги отстрани објавите со упатства за подготовка на „молотови коктели“ и нацистички кукасти крстови.

Како што беше соопштено, судот го прогласи Твитер за виновен за административен прекршок поради објави со кукасти крстови, упатства за подготвување „молотови коктели“, информации со кои се навредува руската држава, химна и знаме.

Адвокатот на одбраната Олег Володин побарал од судот да ја прекине постапката поради „безначајност“, но судот одбил.

Најголемите интернет сервиси – Гугл, Телеграм, Твитер и ТикТок – беа казнети неколку пати поради одбивање да отстранат содржини забранети во Русија.

Вкупниот износ на казни против овие компании е веќе над 200 милиони рубљи (околу 2,5 милиони евра).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина