Русија е против предлог-резолуцијата за Сирија

Од:

Русија е против предлог-резолуцијата, поднесена во Советот за безбедност на ОН од страна на западните земји, со која од сириската Влада се бара за 10 дена да ги повлече војниците и тешкото оружје од градовите, во спротивно ќе бидат воведени економски санкции.

– Русија ќе стави вето врз неприфатливиот предлог, доколку подоцна денеска биде ставен на гласање, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов.

Тој додаде дека Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со западните земји околу текстот за заедничка резолуција, но ги отфрла заканите кои се насочени против претседателот Башар ал Асад.

Советот за безбедност треба да донесе нова резолуција за Сирија за да го обнови мандатот на набљудувачката мисија на ОН во оваа земја пред да измине нејзиниот рок на 20 јули. Русија предложи одделна резолуција, која ќе го продолжи овој мандат, но не споменува санкции.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски