Русија е подготвена да посредува во кризата во Венецуела

Од:

Русија е подготвена да ја даде сета можна помош во потрагата по компромис меѓу конфликтните политички сили на Венецуела, изјави рускиот претставник на Обединетите нации, Василиј Небензја.

„Ние сме подготвени да помогнеме во потрагата по взаемно разбирање меѓу сите конструктивни и патриотски настроени сили во Венецуела”, рече тој.

Рускиот дипломат, исто така, предупреди за военото сценарио, велејќи дека тоа ќе повлече сериозни последици за регионот.

Небензја побара од сите земји во регионот цврсто да ја искажат својата поддршка за Повелбата на ОН, да ги отфрлат заканите за употреба на сила, употребата на сила и флагрантното мешање во внатрешните работи на суверена држава.

Тој, исто така, рече дека Русија подготвила нацрт-изјава до Советот за безбедност за Венецуела, слична на онаа усвоена за Хаити по американска иницијатива.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов