Русија демантира дека авионот на Лавров бил вратен на половина пат

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека се лажни тврдењата на германски „Билд“ дека авионот за Кина со Лавров е вратен на половина пат: „Тоа е ненадмининливо. Германскиот весник „Билд“ победи во пласирањето лажни вести пишувајќи дека „Лавров синоќа полета за Пекинг, но претседателот наредил министерот да се врати“, напиша Захарова на Телеграм.

Како што објасни таа, во написот се тврди и дека авионот со Лавров наводно го превртел Новосибирск и слетал на аеродромот Внуково. Лавров до доцна синоќа работеше во Министерството, а рано утринава почна да се подготвува за преговори со колегите од Блискиот Исток во Москва“, додаде Захарова.

Би можело да ве интересира

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов