Лавров полета за Пекинг, на половина пат неговиот авион се свртел и се вратил во Москва

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа замина за Пекинг. Се качил во авионот, но како што дознава германски Билд, некаде на половина пат, над Сибир, неговиот авион се вратил на аеродромот во Москва.

„Билд“ додава дека авионот со Лавров поминал околу 2.800 километри кога го променил курсот и се вратил на аеродромот од каде тргнал.

Билд пишува дека не е јасно што се случило, дали Пекинг можеби одбил да го прими „лажливиот Лавров“ или Путин му наредил да се врати.

„Дали е неизбежна нова руска ескалација на конфликтот? Што значи откажување на патувањето во Кина поради војната во Украина и ситуацијата во Кремљ? се прашува „Билд“, додавајќи дека според американските извештаи, Москва побарала и финансиска и воена помош од Пекинг, иако и двете земји тоа го негираат.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски