Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ја повика Куба веднаш да ослободи повеќе од 700 политички затвореници, откако истакнатиот кубански дисидент и уметник Луис Мануел Отеро Алкантара пристигна во Мајами по пет години поминати во затвор.
Рубио потврди во соопштение дека Отеро Алкантара пристигнал во Соединетите Држави, објави Ал Арабија.
„Апелираме за итно ослободување на повеќе од 700 неправедно притворени политички затвореници што ги држи (кубанскиот) режим“, рече Рубио.
Тој рече дека меѓународната заедница мора да престане да ги затвора очите пред кршењата на човековите права од страна на кубанскиот режим и да им се придружи на САД во барањето за прекин на неговата репресија.
Во мај, кубанските власти објавија и список на илјадници затвореници на кои им е доделена слобода според декрет издаден во април, во време кога се водеа преговори со Соединетите Држави за голем број спорни прашања, вклучително и политички затвореници.
Априлскиот декрет им додели на голем број затвореници „целосно и конечно помилување“, кое кубанската влада го опиша како „хуманитарен и суверен гест“.
