Ромпуј: Вечерашниот Самит на Г-7 најмногу посветен на Украина и Русија

Од:

Настаните во Украина и односите со Русија се главна тема на вечерашниот Самит на земјите од Г-7 што ќе се одржи во Брисел, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Ова предмалку на прес-конференција го потврди и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, кој е домаќин на лидерите на економски најмоќните земји на планетата: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Велика Британија.

Според Ван Ромпуј, вечерашниот Самит е извонреден Самит од најмалку две причини: Се одржува по повеќе од 15 години од последниот редовен Г-7 Самит, пред да премине во Г-8 (со Русија, која сега е изоставена), како и тоа дека за првпат Самитот на Г-7 се одвива во Брисел и е хостиран од страна на Европската унија.

– Кризата во Украина и дејствијата на Русија се голема причина за самитот на Г-7 во Брисел, кој првично требаше да се одржи во Сочи и во Г-8 формат. На 24 март, во Хаг, на маргините на Самитот за нуклеарна безбедност, лидерите на Г-7 едногласно одлучија да го суспендираат учеството во Г-8, додека Русија не го промени курсот и дејствието и ситуацијата не се врати таму каде што Г-8 е во можност да има значајни дискусии. Оваа одлука беше преземена за да и се покаже на Русија дека нејзините акции, исто така, имаат политичка цена – посочи Ван Ромпуј.

Во однос на агендата за овој Самит, според претседателот на Советот, истата за овие два дена опфаќа широк спектар на теми, вклучувајќи надворешна политика, глобална економија, трговија, енергија, климатските промени и развојот.

Тој истакна дека кризата во Украина и мешањето на Русија е важна тема на агендата и дека вечерва, дискусијата ќе се фокусира на најновите настани и како Г-7 најдобро може да одговори на ова многу сериозна ситуација. Според Ван Ромпуј, Европската унија, позицијата е јасна и била јасно изразена во изјавата за Украина минатата недела, по неформалниот состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ.

ЕУ ги поздрави претседателските избори во Украина на 25 мај, кои според него, се карактеризирале со висок одѕив и јасна решителност на власта да се одржат вистински избори, и покрај екстремните предизвици во регионите.

Претседателот на Советот рече дека украинските избори биле игра-менувач и дека со нетрпение се очекува соработката со претседателот Порошенко и украинската влада за поддршка на суверенитетот на државата и територијалниот интегритет, како и потребната политичка и економска стабилност и реформи. Притоа, тој ги охрабри украинските власти да продолжат со напорите да допрат до населението и граѓанското општество во сите региони на Украина и до сите малцинства.

– Г-7 и Европската унија имаат развиено позитивна агенда. Ова ја вклучува дипломатската агенда за деескалација, вклучувајќи го и Женевскиот договор. Тоа ја вклучува и нашата помош за стабилизирање на Украина на финансиски, економски и политички план. Како знак на континуираната поддршка и посветеност на ЕУ, ќе присуствуваме и на инаугурацијата на новиот претседател во Киев во сабота. И јас очекувам да бидеме во можност да ги потпишеме останатите делови од Спогодбата за асоцијација со Украина и тоа што е можно поскоро. Во исто време, ние ја повикуваме Русија да соработува со избраниот и легитимен претседател и активно да придонесе на напорите за деескалација, особено преку повлекување на своите војници од границата и користејќи го своето влијание врз вооружените сепаратисти во источна Украина да запрат нивните нелегални активности и да се разоружаат. Очекуваме да спречат и преминување на вооружени милитанти и оружје во Украина. Со тоа што не се посветува на овие прашања, Русија придонесува за зголемување на насилството во источните региони, поради што Европската комисија и европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) работи на превземање на можните понатамошни конкретни мерки – образложи Ван Ромпуј.

Претседателот на Европскиот совет истакна дека дестабилизација е исто така закана за Грузија и Молдавија. Договорите за асоцијација со двете земји ќе бидат потпишан во Брисел, пред состанокот на Европскиот совет на 27 јуни.

А, покрај Украина и прашањата од надворешната политика, тој рече дека на овој Самит ќе се разговара и за глобалната економија. Притоа, се очекува претседателот на Еврокомисијата, Жозе Мануел Барозо да се осврне на важните трговски аспекти на нашта агенда за економски раст, особено за тековните преговори со САД, Јапонија и Канада.

Би можело да ве интересира

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска