Ромни ќе го поддржи Израел ако биде нанесен удар врз Иран

Од:

Кандидатот на Републиканската партија за претседтелските избори во САД Мит Ромни би го поддржал Израел, ако еврејската држава реши да употреби воена сила, за да се попречи Иран да разработи нуклеарно оружје, изјави Дан Сенор, советник по прашањата за националната безбедност на Ромни.

„Ако Израел треба да преземе самостојни дејствија, за да го попречи Иран да создаде таков потенцијал, гувернерот би го почитувал тоа решение, истакна Сенор пред новинари“, кои го придружуваат Мит Ромни за време на неговата посета на Израел.

Сенор ја даде изјавата пред планираните средби на Ромни во Ерусалим со претседателот Шимон Перес и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Аналитичарите сметаат дека изразената позиција не се совпаѓа со напорите на претседателот Барак Обама да го убеди Израел да се воздржи од превентивен напад врз Иран.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува