Романското Обвинителство бара 15 години затвор за министерот за транспорт Фенекиу

Од:

Романското Јавно обвинителство побара затворска казна во траење од 15 години за министерот за транспорт на Романија, Релу Фенекиу, во рамките на судскиот процес против него под обвинение за „злоупотреба на службената полжба на штета на јавниот интерес“.

Обвинителството ја покрена тужбата против Фенекиу во јуни минатата година, обвинувајќи го дека пред да стане министер, во својство на акционер и директор на една фирма, на романска државна Компанија за енергетска поддршка и услуги (СИСЕЕ) и продал стара опрема, а ја наплатил како да е нова.

Според обвинителството, за продажба на  трансформатори прозиведени меѓу 1970 и 1980 година, Фенекиу на СИСЕЕ и напалтил на шест милиони леи (околу 1,5 милиони евра).

Фенекиу од своја страна ги отфрла ваквите обвиненија, тврдејќи дека е невин и дека целата финаниска транскација е легална. Тој нагласува дека никогаш не тврдел оти опремата што ја продал е нова.

Врховниот касациски суд на Романија соопшти дека пресудата за Фенекиу ќе ја изрече на 12 јули.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија