Романските учители земаат месечна плата колку нивните колеги во Луксембург за четири часа

Од:

Синдикатие на просветните работници во Романија денеска побараа Владата да усвои закон за платите во тој сектор.

Синдикатите наведоа дека романски учител просечно зема месечна плата колку што е платен учителот во Луксембург за четири часа.

Романските наставници во средно училиште за час земаат 9,3 леи (две евра), додека во Луксембург 85 евра за час.

Наставниците во Луксембург се најплатени меѓуколегите во европските држави. Потоа следат наставниците во Данска со 57 евра, Германија со 54 евра, Англија – 48 евра, Белгија – 45 евра, Ирска – 44 евра, Холандија – 42 евра, Шкотска и Финска – 41 евро за час.

Повисоки плати од романските учители земаат и нивните колеги во Австрија – 39 евра, Норвешка – 36 евра, Грција – 35,3 евра, Шпанија – 34,7 евра, Словенија – 34,5 евра, Полска – 25 евра, Чешка – 17 евра и Унгарија – 16 евра.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија