Романскиот вицепремиер обвинет за изборна кражба

Од:

Романски обвинители го обвинија потпретседателот на Владата Ливијуа Драгнеа и 74 локални функционери за фалсификување податоци за излезноста на референдум.

Обвинителите денеска предметот го проследија до Врховниот суд. Драгнеа е обвинет за користење свое влијание како претседател на еден од окружните совети да го зголеми бројот на регистрираните гласачи, со цел референдумот одржан во јули 2012 да биде валиден.

Мнозинството од оние кои учествувале на референдумот гласаа за отповикување на претседателот Трајан Басеску, поради пречекорување на овластувањата, но гласањето е прогласено за неважечко, бидејќи гласаа помалку од половина од избирачкото тело.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија