Романскиот вице-премиер Ливиу Драгнеа обвинет за злоупотреби на референдумот за Басеску

Од:

Романската Националната дирекција за борба против корупцијата го обвини заменик-премиерот Ливиу Драгнеа за злоупотреби извршени за време на референдумот за отстранување од функцијата на претседателот на Романија, Трајан Басеску во 2012 година.

Освен против, Драгнеа обвиненија се покренати и против уште 74 лица. Обвинителите од антикорупциската дирекција го обвинија Драгнеа уште во септември 2012 година, дека на национално ниво организирал систем за злоупотреба, со цел да влијае врз резултатите од референдумот на 29 јули 2012 година. Станува збор за повеќекратно гласање и фалсификување на потписи.

Според Националната дирекција за борба против корупцијата, Драгнеа ја искористил позицијата на генералниот секретар на Социјалдемократската партија, својата власт и влијание за да и помогне на партијата во голема мера да ја зголеми изборната активност на референдумот, со цел резултатите од гласањето да бидат прогласени за валидни.

Околу 88 отсто од гласачите го поддржаа отстранувањето на Басеску на референдумот на 29 јули, но на гласање излегоа околу 46 проценти од граѓаните со право на глас и резултатите не беа признати.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија