Романскиот премиер обвинет дека плагирал третина од својот докторат

Од:

Романскиот премиер, Николае Чука, кој на оваа позиција е помалку од два месеци, е обвинет дека направил плагијат на речиси една третина од својата докторска дисертација, јави порталот Политико.

Најмалку 42 од 138 страници во документот се плагијат, се наведува во истрагата на романската новинарка Емилија Серџан, која презентирала докази во кои го обвинува премиерот дека не само што го плагирал текстот на други автори „од збор до збор“, туку и дека користел различни техники да го сокрие плагијатот.

Чука, поранешен припадник на армијата, ги отфрли обвинувањата за плагијат и кажа дека неговиот докторат бил напишан во согласност со сите законски барања во времето кога бил напишан.

„Овие јавни обвинувања не можат да бидат научно поткрепени на било кој начин“, се наведува во соопштението објавено на неговиот Фејсбук профил.

И покрај тоа што Чука изјави дека не направил ништо лошо, моќниот опозициски политичар Дачијан Колос, од синдикатот „Да ја зачуваме Романија“, повика на итно разјаснување на ситуацијата и отворање истрага, додавајќи дека доколку наводите се точни, премиерот мора да поднесе оставка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет