Романскиот премиер и покрај плагијатот не поднесува оставка

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта нема да поднесе оставка без разлика што научната комисија вчера потврди дека дел од неговата докторска дисертација е плагијат, соопшти романската Социјалдемократска партија.

„Одлуката на комисијата е политички мотивирана и нелегална. Тоа е дело на сојузниците на претседателот Трајан Басеску и одмазда за моето учество на состанокот на Европскиот совет“, истакна Понта.

Тој додаде дека нема да се откаже од борбата и дека оставка „не доаѓа предвид“.

Понта и Басеску се во судир откако коалицијата на романскиот премиер дојде на власт минатиот месец по заминувањето на владата на десен центар, на кој и беше изгласана недоверба. Една од причините за несогласувањето е и тоа кој треба да ја претставува Романија во Европскиот совет, кој го сочинуваат шефови на држави или влади.

Научната комисија вчера соопшти дека „85 од 400 страници на докторскиот труд се целосно препишани“ и препорача на Понта да му биде одземена титулата доктор на науки.

Понта минатата недела во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ истакна дека е подготвен да поднесе оставка доколку бидат докажани тврдењата на британското списание „Нејчер“ дека повеќе делови од трудот се плагијат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет