Романскиот министер за транспорт осуден на пет години затвор

Од:

Високиот касационен суд на Романија го осуди денеска романскиот министер за транспорт Релу Фенекиу на пет години затвор, под обвинение за злоупотреба на службената положба на штета на јавниот интерес.

Првпат во историјата на Романија, Високиот касационен суд осудува на казна затвор актуелен министер, но одлуката на судот не е конечна.

По изрекувањето на казната романскиот премиер Виктор Понта соопшти дека ја потпишал оставката на министерот за транспорт, чија функција ќе ја извршува тој до назначувањето на нов министер.

Судскиот процес против Фенекиу започна во јуни минатата година година, кога тој беше пратеник, врз основа на обвинението дека како акционер и директор на фирма на една романска државна енергетска компанија и продал стара опрема за цена како да е нова.

Според обвинението, државната Компанијата за енергетска поддршка и услуги (СИСЕЕE) платила околу 1,5 милиони евра без ДДВ за набавка на трансформатори и прекинувачи произведени во 70-тите и 80-тите години на минатиот век.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија