Романската Влада бара оценка на уставноста на одлуката на претседателот да не назначи двајца министри

Од:

Романската премиерка Виорика Данчила изјави дека утре ќе се обрати до Уставниот суд со барање да ја испита уставноста на одлуката на претседателот на Романија, Клаус Јоханис да не назанчи двајца предложени министри.

Реакцијата на Данчила следи откако Јоханис соопшти дека сé уште ја анализира ситуацијата со назначувањето на двајцата министри и дека за тоа ќе одлучи „не порано од идната недела“.

– Му се обратив на претседателот, за да видам што се случува, дали ќе ги назначи двајцата министри, со оглед дека сме во периодот пред преземањето на претседателството на Советот на ЕУ. Претседателот изјави дека уште анализира. До следната недела нема да има решение. Во таква ситуација ние сме принудени да го испратиме ова барање до Уставниот суд, бидејќи имаме претседателство, кое не чека, и не можеме да си играме со овие работи, изјави Данчила.

Претседателот Јоханис минатиот месец отфрли два предлога на владејачката Социјалдемократска партија за нови министри – Илан Лауфер за министер за регионален развој и Лија Олгуца Василеску за министер за транспорт. Подоцна, социјалдемократите ја предложија Василеску за министер за регионален развој, а Мирча Драгич – за министер за транспорт.

Шефот на државата изјави на крајот на ноември дека нема да донесе одлука за назначување на нови министри пред националниот празник 1 декември. Тој, при тоа, ги обвини социјалдемократите дека прават чести промени на Кабинетот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет