Романија не би требало да влезе во еврозоната, смета претседателот на агенцијата Стратфор

Од:

Претседателот на американската приватна агенција за стратегиски анализи и разузнавање „Стратфор“ Џорџ Фридман, изјави дека Романија не би требало да влезе во еврозоната, која е еден пропаднат проект поради големите структурни разлики меѓу економиите на земјите членки.

– Фала му на Бога што не сте во еврозоната! Не влегувајте, изјави Фридман на вчерашната прес-конференција во зградата на Романската национална банка, како одговор на прашањето кога би требало Романија да ја прифати единствената европска валута.

Џорџ Фридман како пример ја посочи Турција, која моментално има најголем економски раст во регионот, откако неколкугодини по ред и е одбиен влезот во ЕУ, а сега европската интеграција не е во центарот на турската политика.

Фридман, кој е тврдокорен евроскептик, истакна дека на проектот на еврозоната му недостига транспарентност и предвидливост со цел да биде успешен.

– Верувам дека проектот на еврозоната пропадна, што не значи дека Европската унија е во иста положба. Треба да постои подобро разбирање на европскиот концепт за суверенитет на национална држава, која се наоѓа во конкуренција со други соседни држави.

Неколку векови европската историја остави впечаток, нагласи претседателот и основач на Стратфор.

Според Фридман Романија треба да го прифати еврото кога за тоа ќе биде подготвена, но и кога за тоа ќе биде подготвена и еврозоната.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија