Романија казнета со 700 милиони евра поради грешки при користење на европските фондови

Од:

Романија ќе треба да врати во буџетот на Европската унија речиси 700 милиони евра поради грешки при распределбата на средства, добиени од фондовите на ЕУ, пренесува БТА.

Романскиот министер за европски фондови Еуген Теодоровици, синоќа пред новинарите ги претстави резултатите од ревизијата на претставниците на ЕУ, посочувајќи дека најмногу прекршоци се забележани при распределбата на средства за јавни набавки.

Теодоровици истакна дека казни се предвидени за сите оперативни програми на ЕУ во Романија. Според податоците на Европската канцеларија за борба против измами, објавени минатата година, Романија се наоѓа меѓу првите во Европа по измами при користењето на средства од Брисел.

Во 2012 година се регистрирани 225 прекршоци во оваа област, по што ЕК го предупреди Букурешт дека замрзнува 10,4 милијарди евра од фондовите за развој на регионите и транспортните мрежи поради податоци за корупција при нивното користење.

Романската влада со цел да се зголеми ефикасноста при користењето на европските фондови формира специјално министерство, но сепак тоа не ја подобри состојбата.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов