Рохани: Заканите на САД за Северна Кореја се „игра што е опасна за светот“

Од:

Претседателот на Иран Хасан Рохани изјави денеска дека заканите на САД ја поттикнале Северна Кореја да го тестира своето нуклеарно оружје, предупредувајќи дека американските закани се „игра што е опасна за светот“.

– Зошто Северна Кореја денес го избра патот што го загрижува народот во источниот дел на Азија? Поради заканите против егзистенцијата на Северна Кореја, нагласи Рохани при обраќањето кон членовите на кабинетот.

Рохани изрази уверување дека тоа прашање мора да се реши преку преговори и дијалог, оценувајќи дека американските претставници треба да го „намалат тонот“, односно да ја „ублажат својата реторика“.

– Пуштете ги. Не и се заканувајте толку на Северна Кореја и таа ќе се сврти кон својот живот и животот на својот народ, порача иранскиот претседател.

Тој, исто така запраша „дали смее некој навистина толку да се шегува со атомско оружје“.

– Кога една земја се снабдува со атомско оружје, тогаш „играта во која и се заканувате станува опасна за целиот свет“, заклучи Рохани.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран