Рохани: Иран ќе продолжи да ја шири својата воена моќ

Од:

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, во говорот по повод одбележувањето на 40-годишнината од Исламската револуција од 1979 година, денеска истакна дека Техеран е одлучен да ја прошири својата воена моќ и балистичката ракетна програма и покрај растечкиот притисок од непријателските земји и нивното инсистирање да ја ограничат иранската одбранбена програма.

– Не баравме и нема да бараме дозвола за развој на различни видови ракети и ќе го продолжиме нашиот пат и развој на нашата воена сила, посочи Рохани од плоштадот Азади (Слобода) во Техеран, на кој имаше повеќе десетици илјади граѓани по повод 40-годишнината од Исламската револуција, а дел од нив вееја ирански знамиња и извикуваа „Смрт на Америка“.

На 11 февруари 1979 година, денот што се смета за победа на Исламската револуција и претставува датум кога иранската војска се повлече по повеќедневните улични борби дозволи прореволуционерните сили да ја заземат земјата, додека владата на шахот Мухамед Реза Пахлави поднесе оставка.

Четирисегодишнината од Исламската револуција се оджува во тензични односи на Иран со САД, а претставниците на Техеран се справуваат со ефектите од американските економски санкции воведени во ноември минатата година.

Би можело да ве интересира

Иранската морнарца за врме на воената вежба забележала неидентификувана подморница

Ана Ололовска

Иран почна воени вежби во Омански Залив

Ана Ололовска

Иран бара од Интерпол да распише црвена потерница по Доналд Трамп

Жарко Настоски

Кина повика на воздржаност во врска со нуклеарната програма на Иран

Жарко Настоски

Иранска Организација за атомска енергија: Иран почна со производство на збогатен ураниум до 20 отсто

Ана Ололовска

Еврокомисијата ќе почека со реакција на иранското збогатување ураниум

Жарко Настоски