Рохани: Блискиот исток и Балканот треба да бидат региони на мир и стабилност

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека се неопходни меѓународни мерки за искоренување на тероризмот и екстремизмот, а многу региони во светот, меѓу кои Балканот и Блискиот исток, треба да станат подрачја на мир и стабилност.

Тој ја даде изјавата на средбата во Техеран со српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, нагласувајќи дека Иран е против сите форми на тероризам и екстремизам ширум светот.

Зборувајќи за нуклеарните преговори на Иран со шесте светски сили и постигнувањето договор во оваа област, Рохани истакна дека разговорите се доказ дека регионалните и меѓународните проблеми можат да се решат на преговарачка маса.

Иранскиот претседател додаде дека Техеран е подготвен за проширување на соработката со Белград, посебно на економски план, како и во научната и културната област, особено во сферата на туризмот.

Дачиќ ја изрази желбата на Србија за проширување на односите со Иран. Тој се сретна и со иранскиот министер за индустрија, рударство и трговија Мохамад Реза Наматдазе, објаснувајќи дека Србија планира да формира заедничка комисија за економска соработка со Иран. Шефот на српската дипломатија истакна дека неговата земја има искуство со војна и санкции, па затоа целосно ја разбира сегашната ситуација на Иран.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел