Роднините на жртвите во урнатата заграда во Мајами ќе добијат повеќе од 150 милиони долари отштета

Од:

Роднините на загинатите и повредените при уривање на станбената зграда во Мајами, ќе добијат отштета од најмалку 150 милиони долари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на судската одлука на округот Мајами-Дејд.

Сумата вклучува 50 милиони долари за осигурување и најмалку 100 милиони долари за загуба на недвижен имот во веќе непостоечката зграда.

– Главната грижа на судот се секогаш жртвите. Нивните права ќе бидат заштитени, изјави судијата Мајкл Хантсман.

Овој износ за надомест не ги вклучува исплатите за големиот број побарувања на роднини, кои се поднесени во судот од крајот на јуни. Сите претставки ќе бидат собрани во едно колективно барање, кое судот ќе го разгледа одделно.

Станбена зграда во Сурфсајд се урна ноќта на 24 јуни. Првиот ден од под урнатините беа извадени 37 лица, но потоа не се пронајдени преживеани. На 7 јули, властите одлучија да ја запрат спасувачката операција, сега трагајќи по телата на жртвите на местото на несреќата. Според последните податоци, 97 лица загинаа во несреќата.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Скандал на аеродромот во Мајами: Вработените крадат од патниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Гол маж ги нападна посетителите на теретана во Мајами, го исфрлија надвор, но тогаш почна нов хаос

(ВИДЕО) Експлозија во Мајами: Две лица загинаа, тројца тешко повредени

Уште еден напад на ајкула во Мајами

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хеликоптер се урна меѓу луѓе на популарната плажа во Мајами

Ана Ололовска