Денис Родман пред неколку дена повторно ја посети Северна Кореја за да се сретне со лидерот на оваа земја, Ким Јонг Ун, а после средбата на новинарите им откри податок кој досега никаде не беше официјално соопштен.
Севернокорејските медиуми минатата година прикажаа фотографија од сопругата на Ким Јонг Ун, на која изгледало дека таа е бремена, за веднаш потоа таа сосем да се повлече од јавноста и да се појави во октомври минатата година.
Токму Родман е тој кој на светот му ја соопшти веста дека Ким Јонг Ун станал татко. Родман за новинарите изјави дека за време на средбата тој ја држел ќерката на Ким во рацете која ја крстиле Џу Ае.
Ким Јонг Ун е третиот наследник од своето семејство кој стои на чело на Северна Кореја. Со оглед на тоа што традицијата е мажите да седнат на чело на државата, тешко дека ќерката на лидерот ќе дочека да го замени.