Поранешната американска НБА ѕвезда Денис Родман одлучи да го искористи своето пријателство со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и го замоли да го ослободи американскиот државјанин кој неодамна е обвинет на 15 години затвор во Северна Кореја.
-Го повикувам врховниот лидер на Северна Кореја или како што јас го нарекувам Ким, да ми направи услуга и да го ослободи Кенет Баи-напиша Радман на својот профил на Твитер.
Државјанинот на САД, Кенет Баи е обвинет на 15 години затвор со принудна работа.
Родман е првиот Американец кој во февруари се сретна со новиот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун, инаку страствен љубител на кошарката.
Тој најави дека во август планира повторно да го посети Ким Џонг Ун.
Елена Георгиевска