Роберт Мугабе е подготвен повторно да се кандидира за претседател на Зимбабве

Од:

Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе изјави дека е подготвен да се кандидира на следните претседателски избори во 2018 година.

Тоа го изјави за јапонскиот весник „Сенкеј шимбун“, во денеска објавеното интервју..

– Приврзаниците ја сакаат мојата кандидатура, нагласи 92-годишниот претседател на Зимбабве, кој се наоѓа во официјална посета на Токио

– Ако народот посака, ќе ги исполнувам задолженијата и понатаму, додаде Мугабе.

Претседателот ги отфрли обвиненијата од Западот, според кои тој ја потиснува опозицијата и ги нарече „навреди кон народот на Зимбабве“.

Роберт  Мугабе е највозрасниот државен лидер во светот. Тој раководи со земјата од 1980 година, откако таа е независна.

За време на сегашната посета на Токио, јапонскиот премиер му вети на Зимбабве економска помош од речиси 5,4 милиони долари за изградба на патишта.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска