Москва и Вашингтон се во контакт во врска со кибер нападот врз најголемиот производител на месо во светот, компанијата „ЈБС“, изјави денеска заменик шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков.
-Стејт департментот и нашата амбасада во Вашингтон имаа разговор. Американската администрација е во контакт со руската Влада во врска со кибер нападот, како што вчера изјави заменик портпаролот на Белата куќа, Керин Жан-Пјер, изјави високиот руски функционер, пренесен од Тасс.
Бразилската компанија „ЈБС СА“ во неделата соопшти дека нејзините филијали во Австралија и Северна Америка биле цел на напад на организиран кибер-напад врз нивните информативни системи.
Прес-службата на Белата куќа вчера соопшти дека „ЈБС“ ја информирала американската Влада за кибер нападот и барањето за откуп од криминалната организација што наводно се наоѓа во Русија.
Американската администрација соопшти дека е во контакт со руските власти во врска со кибер-нападот.
Претседателот и извршен директор на „JBS USA“, Андре Ногера, изјави дека експертите на нивната компанија постигнале значителен напредок во борбата против кибер-нападите и дека од денеска повеќето фабрики ќе продолжат со нормална работа.