Топ чанел ексклузивно по кибернападите: Хакери презеле државни документи на Албанија

Од:

Хакерите кои ги нападнаа канцелариите на албанската држава, успевајќи да пристапат до серверите на службените документи, оттаму успеале да преземат разни документи на своја веб-страница, јави Тап чанел.

Додава дека сајтот на кој имаат објавено оригинални документи е невозможно да се отвори од Албанија. Оваа страница може да се отвори само надвор од Албанија, бидејќи компаниите кои дистрибуираат интернет во Албанија ја блокираа можноста да се види што е објавено.

Но, Топ чанел успеа ексклузивно да обезбеди дел од документите и пораките што ги објавија хакерите. Првата порака бара Албанија да не дозволи одржување на самитот на иранската опозиција. Во оваа порака пишува „ Самит во Драч, клуч на пеколот или крајот на огнот“.

-Оваа порака бара да не се одржува самитот на иранската опозиција која се засолни во Албанија. Овој самит со учество на сите групи кои се против режимот во Иран би се одржал во Драч. Но, еден ден пред самитот беше најавено негово откажување поради терористички закани. Муџахедините изјавија дека токму барањето на албанската влада довело до откажување на средбата. Впрочем, на овој начин е исполнето барањето на хакерите кои ги нападнаа документите на албанската држава, наведува телевизијата.

Но, хакерите не застанале тука. За да ја покажат сериозноста на нивниот напад и тоа што влегле и имале можност да манипулираат со албанските државни документи, да ги копираат, менуваат или бришат, објавиле и видео.

-Спомнувањето на овој факт од Топ чанел пред неколку дена донесе силна реакција на премиерот Еди Рама. Но, на веб-страницата на хакерите, кои го блокираа пристапот од Албанија, објавени се оригинални документи. На сајтот е објавен документ на генералниот секретар на Кабинетот на премиерот Енѓел Агачи за специјална мисија во Турција за познатите беспилотни летала бајрактар, посочува Топ чанел.

Меѓу повеќето документи се наоѓа и официјален допис на министерот за финансии, што, според телевизијата, покажува дека хакери навлегле длабоко во серверите за финансии.

-Овие официјални писма до кои дошле хакерите предизвикуваат сомнеж за тоа колку длабоко навлегле во тајните архиви, со чувствителни податоци и што правеле со нив. Потсетуваме дека и покрај заживувањето на е-Албанија и нејзините услуги, некои услуги поврзани со даночната служба сè уште не работат, констатира телевизијата.

Од друга страна, сè уште нема официјално појаснување од експерти за тоа што сè се случило со кибернападот, зад кој, како што обвини премиерот Еди Рама стојат две земји, ненаведувајќи кои.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ