Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

Од:

Хакери нападнаа десет официјални веб-страници во Италија, вклучително и оние на Министерството за надворешни работи и два аеродроми во Милано, привремено блокирајќи ги, соопшти италијанската агенција за сајбер безбедност.

Проруската хакерска група Noname057(16) ја презеде одговорноста, велејќи дека италијанските „русофоби добиле заслужен сајбер одговор.

Во такви напади, хакерите се обидуваат да ја преплават мрежата со невообичаено големи количини на сообраќај на податоци за да ја блокираат.

Портпаролот рече дека агенцијата брзо им помогнала на нападнатите институции и компании и дека ефектот од нападот бил „ублажен“ за помалку од два часа.

Сајбер нападот не предизвика никакво нарушување на летовите на миланските аеродроми Линате и Малпенса, изјави портпаролот на компанијата што управува со нив, SEA.

Додека веб-локациите беа неисправни, мобилните апликации на аеродромите продолжија да функционираат, додаде портпаролот на СЕА.

Би можело да ве интересира

Наузеда: ЕУ има краток период за да се подготви за следната фаза на агресија

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск