Нуклеарното вооружување и денес претставува ризик, истакнува експертот на ОН за нуклеарно оружје Џон Бори, додавајќи дека една грешка во синџирот за контрола може да има катастрофални последици.
Тој, во интервју за виенскиот весник „Стандард“, вели дека бројот на нуклеарно вооружување од крајот на студената војна е намален од околу 70.000 на 17.000 во девет земји.
– Постои уште поголем број нуклеарно оружје во магацините на повеќе земји, а над илјада од нив се уште во повисок степен на готовност, како за време на Студената војна, појасни Бори.
Тој истакна дека релативно малку се знае за квалитетот за безбедносните мерки во земјите со нуклеарно вооружување.
Неодамна, како што потсети, се обелоденило за недостатоците во безбедноста на нуклеарното вооружување на САД, а во тоа спаѓа дека авионите со нуклеарно оружје летале над САД и оти екипажот не знаел за товарот што го пренесува.
Исто така постојат сериозни недостатоци кај одржувањето на американските воени бази во кои се складира нуклеарното вооружување.