Резолуција на ОН за безбедност на новинарите

Од:

Советот на ОН за човекови права за прв пат ја афирмира безбедноста на новинарите како основен елемент во слободата на изразување, објави Меѓународниот институт на новинари (ИПИ).

Телото, кое се состои од 47 членови, едногласно усвои резолуција за предлогот на Австрија во која ги повикаа државите на поттикнување на безбедноста на новинарите како би можеле слободно да ги извршуваат своите работни задачи и против неказнивоста преку обезбедување фер, брза и ефикасна истрага во случаите на насилство врз новинарите.

Многу сме задоволни што Советот на ОН за човекови права ја истакна важноста на безбедноста на новинарите за граѓанските права во сите земји, рече ИПИ Извршната директорка на ИПИ Алисон Бетел Мекензи.

Ги повикуваме земјите-членки на ОН за примена на резолуцијата и со тоа да се стави крај на досегашното глобално неказнување на кривични дела против новинарите, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа