Случајот Џек Мевосек е една од најголемите мистерии во историјата, кој повеќе од 120 години ги интригира криминолозите и ги натерала да развијат бројни теории за идентитетот на сторителот на грозоморните убиства во Вајтчепел во текот на есента 1888. година.
Но, 126 години подоцна, со помош на модерната технологија и напредните форензички методи откриено е кој е човекот одговорен за најмалку 5 убиства, пренесува „Дејли Меил“.
ДНК примероците земени од шалот најден покрај телото на Кетрин Едоус, биле клучни за ова откритие.
Расел Едвардс (48) е бизнисмен кој долга низа на години се занимава со овој случај на аматерско ниво. Го ангажираше светски познатиот експерт, Џери Лухелнен, кој е специјализиран за токму ваков тип на докази.
Користејќи ги современите техники, др. Лухелнен, пронајдениот примерок го споредил со примероците од осомничените и дошол до неверојатно откритие. Имено, помеѓу стотината осомничени, ДНК примероците совршено се поклопувале со тие на полскиот емигрант Ерон Космински.
Космински за време на убиствата имал 23 години и живеел недалеку од местото на кое полицијата ја пронашла третата жртва, Елизабет Страјд.
Од самиот почеток важел за еден од главните осомничени а во 54. година од својот живот умрел во психијатриска установа како последица на гангрена.