Репортери без граници се обратија до ОН поради ограничување на слободата за време на пандемијата

Од:

Репортери без граници (РСФ) денеска побара од Обединети нации официјално да ги осудат владите кои го прекршиле правото на информации за епидемијата со новиот коронавирус со што го загрозиле јавното здравје и животите како во сопствените држави, така и во светот.

Во писмото на РСФ испратено до специјалните известувачи на ОН се бара да се осудат владите кои ја искористиле епидемијата како причина за кршење на правото на информации или тоа го направиле и покрај пандемијата.

РСФ истакнува дека тоа не се однесува само на Ковид-19, туку и на член 19 од Универзалната декларација за човекови права. Во писмото се наведени случаи на цензура, произволен притвор, вознемирување или насилство над новинари и попречување на законодавниот развој во вкупно 38 земји.

Според РСФ, претседателите на Бразил и на САД, Жаир Болсонаро и Доналд Трамп имале „гадни вербални напади врз новинари“, додека во Алжир, Јордан и Зимбабве се апсени новинари.

Невладината организација со седиште во Париз, ја критикува и Унгарија и Камбоџа, каде Ковид-19 се користи за зајакнување на државните авторитети.

РСФ тврди дека во Кина ограничувањето на слободата на известување придонесе епидемијата да се прошири во Вухан, а потоа и во светот.

Во писмото на Репортери без граници се изразува загриженост за новинарите во Турција и Саудиска Арабија, каде и пред епидемијата се затвораа новинари.

– Кршењето на правото значи да се загрози здравјето, дури и човечките животи. Очекуваме институциите на ОН јавно да ги обвинат државите кои го кршат тоа право, генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делор.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Македонија напредува во слободата на медиумите, но новинарите се под притисоци на политичарите и бизнисмените според Репортери без граници

Катерина Ѓуровски

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска