Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Од:

Репортери без граници (РСФ) денеска побара ослободување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж поради хуманитарни причини и да биде отфрлена тужбата против него за шпионирање на САД.

РСФ изрази загриженост поради извештајот во кој се наведува дека сериозно е нарушено здравјето на Асанж и побара веднаш да се ослободи од затвор.

– РСФ ги осудува континуираните напади врз Асанж поради неговите новинарски активности и тоа станува опасен преседан, се посочува во соопштението на невладината организација.

Сослушувањето за екстрадиција на Асанж треба да се одржи на 24 февруари во вестминистерскиот суд во Лондон, а според РСФ тој нема доволно можности да се подготви за сослушувањето и оти неговите адвокати немаат соодветен пристап до него во затворот.

– Овие две мерки ги кршат неговите основни права. Претставниците на РСФ планираат да го следат рочиштето за екстрадиција. Многу сме загрижени и поради соопштенијата на специјалниот известувач на Обединети нации за тортура Нилс Мелцер од 1 ноември поради континуираното нарушување на здравјето на Асанж од неговото апсење на почетокот од годината, во кое е наведено дека неговиот живот е под ризик, истакнува РСФ.

Асанж се појави пред судот во Мадрид на 20 декември преку видео линк, кога даде изјава за неговите наводи дека една шпанска компанија го шпионирала додека живеел во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

РСФ додаде и дека не би требало да му биде судено на Асанж, бидејќи тој е посредник помеѓу свиркачите и медиумите.

Против Асанж во САД се покренати 18 обвиненија од кои 17 по Законот за шпионажа.

РСФ ја осудува и одлуката на британското Министерство за внатрешни работи кое одобри екстрадиција на Асанж во САД.

Асанж во моментот е во затворот Белмарш во Лондон и го чека сослушувањето за екстрадиција, откако беше осуден на казна од 50 недели во мај 2019 година, бидејќи ја прекрши условната казна со тоа што побара азил во Амбасадата на Еквадор во јуни 2012 година.

Би можело да ве интересира

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

Македонија напредува во слободата на медиумите, но новинарите се под притисоци на политичарите и бизнисмените според Репортери без граници

Катерина Ѓуровски

Репортери без граници: Зголемен бројот на новинари во затвори, годинава 533

Ана Ололовска

Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите

А1он

Репортери без граници: Македонија на 57 место според светскиот индекс за слобода на печатот за 2022

Ана Ололовска

РСФ: Во 2021 година затворени се 488 медиумски работници

Ана Ололовска