Репортери без граници: Зголемен бројот на новинари во затвори, годинава 533

Од:

Бројот на новинари во затвори годинава е 533, се наведува во годишниот извештај на невладината организација „Репортери без граници“. За споредба, лани бројот на новинари кои завршија во затвор беше 488.

Зголемен е и бројот на убиени новинари. Годинава се 57. Лани беа 48, а во 2020 година – 50.

Повеќе од половина од случаите на новинари во затвор оваа година (податоци од 1 декември) се во 5 земји: Кина (110 случаи), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31).

Во извештајот се истакнува дека иранските власти затвориле голем број новинари во последните 20 години, откако Исламската Република беше зафатена од масовни протести кои започнаа во септември.

Во извештајот на невладината организација се наведува дека годинава биле затворени 78 новинарки. За споредба, лани таа цифра била 60.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонија напредува во слободата на медиумите, но новинарите се под притисоци на политичарите и бизнисмените според Репортери без граници

Катерина Ѓуровски

Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите

А1он

Репортери без граници: Македонија на 57 место според светскиот индекс за слобода на печатот за 2022

Ана Ололовска

РСФ: Во 2021 година затворени се 488 медиумски работници

Ана Ололовска

Белоруските новинари се во катастрофална ситуација, предупредуваат Репортери без граници

Жарко Настоски

„Репортери без граници“: Македонија две места погоре на листата, критики за државните реклами во медиумите

Жарко Настоски