РСФ: Во 2021 година затворени се 488 медиумски работници

Од:

Во годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ) се наведува дека 488 медиумски работници ширум светот се во затвор.

– Бројот на новинари приведени поради нивната работа никогаш не бил толку голем откако РСФ почна да го објавува својот годишен извештај во 1995 година, се наведува во соопштението на невладината организација, која се бори за слободата на печатот.

Додека во 2021 година регистриран е најмал број на убиени медиумски работници во изминатите 20 години односно 46. Бројот е зголемен за околу 20 отсто пред се на репресиите врз медиумите во Мјанмар, во Белорусија и во Хонг Конг.

РСФ соопшти дека, исто така, никогаш не видела приведени толку многу новинарки, при што вкупниот број од 60 претставува третина повеќе од 2020 година. Кина предводи за затворените новинари – 127, во голем дел благодарение на законот за национална безбедност што го наметна на Хонг Конг, поткопувајќи многу од неговите долгогодишни демократски слободи. Мјанмар беше втор со 53, следен од Виетнам (43), Белорусија (32) и Саудиска Арабија (31).

Намалениот број на смртни случаи од 2016 година ја одразува променливата динамика во Сирија, во Ирак и во Јемен, каде што намалувањето на конфликтот значи дека помалку новинари се привлечени во регионот.

– Повеќето од 46 убиства биле атентати односно 65 отсто биле намерно насочени и елиминирани, се посочува во извештајот на РСФ.

Најопасни земји повторно беа Мексико и Авганистан, со седум, односно шест загинати новинари, а потоа следат Јемен и Индија со по четири.

РСФ, исто така, изброи 65 медиумски работници држени како заложници низ целиот свет. Сите се на Блискиот Исток – Сирија (44), Ирак (11) и Јемен (девет), освен францускиот новинар Оливие Дубоа, кој е задржан во Мали од април.

Минатиот месец во Хаг беше отворен „Народен трибунал“ за да се постигне правда за убиените медиумски работници за да ги брани медиумските слободи во време на зголемен авторитаризам и популизам. Формиран од коалиција на организации за слобода на печатот, сослушувањата кои ќе траат шест месеци ќе се фокусираат на нерешените случаи на тројца новинари убиени во Мексико, во Шри Ланка и во Сирија.

Иако нема законски овластувања да осудува некого, Трибуналот има за цел да ја подигне свеста, да врши притисок врз владите и да собира докази преку, како што го нарекува, својот облик на „главна правда“.

Трибуналот беше организиран од „Фри прес анлимитед“ (Free Press Unlimited), Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) и Репортери без граници.

Би можело да ве интересира

Македонија напредува во слободата на медиумите, но новинарите се под притисоци на политичарите и бизнисмените според Репортери без граници

Катерина Ѓуровски

Репортери без граници: Зголемен бројот на новинари во затвори, годинава 533

Ана Ололовска

Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите

А1он

Репортери без граници: Македонија на 57 место според светскиот индекс за слобода на печатот за 2022

Ана Ололовска

Белоруските новинари се во катастрофална ситуација, предупредуваат Репортери без граници

Жарко Настоски

„Репортери без граници“: Македонија две места погоре на листата, критики за државните реклами во медиумите

Жарко Настоски