Репортери без граници бараат независна истрага за убиството на Галиција

Од:

Претставници на Репортери без граници и четири други организации за заштита на слободата на медиумите побараа од властите на Малта независна јавна истрага за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.

Тие се сретнаа со премирот на Малта, Џозеф Мускат при што изразија загриженост што дури по една година од убиството на Галиција нема значителен напредок во истрагата.

– Дафне Каруана Галиција е убиена пред една година, но се уште нема одговор на прашањето кој ја убил и покрај тоа што три лица се осомничени, процесот против не нив не е започнат, а не се познати ниту имињата на нарачателите, се наведува во соопштението на Репортери без граници.

Петте невладини организации ја осудуваат неказнивоста на убиството на новинарката и побараа од Мускат да ја гарантира слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во земјата и веднаш да почне независна јавна истрага за убиството на Галиција.

Мускат истакна дека отпочнувањето на таква истрага е само прашање на време.

Галиција загина на 16 октомври минатата година во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил. Таа истражуваше наводи за корупција и перење пари на најмоќните луѓе на Малта, меѓу кои и премиерот Џозеф Мускат и неговите најблиски соработници.

Семејството на Галиција тврди дека таа е убиена поради политички причини.

Би можело да ве интересира

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Македонија напредува во слободата на медиумите, но новинарите се под притисоци на политичарите и бизнисмените според Репортери без граници

Катерина Ѓуровски