Ренци повикува на внителност во однос на Либија

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци разговараше по телефон со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси по што повика на претпазливост во Либија исклучувајќи засега воена интервенција.

Во викендот дел италијански министри изразија загриженост поради напредувањето на радикалната група Исламска држава во Либија и побараа силно меѓународно мобилизирање.

– За либија е потребна мудрост, внимателност и чувство за ситуацијата. Сега ситуацијата е вон секаква контрола, но не е момент за воена интервенција, изјави Ренци во интервју за телевизијата ТГ 5.

– Ако се вклучат сите играчи, локалните племиња, но и држави од Африканската унија, и европски држави, апсолутно сум сигурен дека силите на ОН ќе бидат над тие на радикалните милиции, додаде тој.

Ренци вели дека меѓународната заедница го има сите потребни инструменти ако посака да се вмеша.

– Предлогот е да се почека Советот за безбедност, нагласи Ренци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески