Ренци подготен на план „Б“ ако Могерини не биде избрана за прв евродипломат

Од:

Европските лидери вечерва ги очекува жешок самит, пишува италијанскиот весник „Република“, потврдувајќи ги задкулисните преговори за распределба на водечките функции во Европската унија.

Против италијанскиот министер за надворешни работи Федерика Могерини, за која со месеци наназад се зборува дека е главен фаворит за функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, веќе е создаден голем фронт од 11 земји, од кои повеќето се од Источна Европа.

Могерини на крајот од гласањето може и да биде избрана на функцијата, но во замена за нејзината поддршка Источна Европа може да добие некои водечки функции во Унијата. На пример, таа на претседател на Европскиот совет и покрај тоа што за неа фаворит е данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит, или, пак, друга значајна функција во составот на ЕК, наведува весникот.

Но, доколку, сепак, не ја добие поддршката за Могерини, италијанскиот премиер Матео Ренци е подготвен да понуди и план „Б“ или нов кандидат за функцијата прв дипломат на ЕУ и тоа да биде Масимо д’Алема, посочува весникот.

Ренци ова го кажал во телефонски разговор со германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј. Социјалдемократот Ренци на тројцата лидери им посочил дека има договор европското социјалистичко семејство да го даде високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Тој дополнил дека во тоа социјалистичко семејство Италија го има правото прва да избира кој да ја предводи Надворешно-политичката служба на Унијата.

Според извори во Унијата, освен проблемот со Могерини, Ренци има и други стравувања. Имено, тој е загрижен од тоа што во Брисел има влијателно лоби за назначување на Енрико Лета на престижна европска функција. Лета е сопартиец на Ренци и беше премиер на Италија пред тој да го отстрани од функцијата со внатрепартиски преврат. Европски лидери, меѓутоа, на Лета му дадоа добра оценка заради неговите напори во областа на политиката на штедење и борбата со буџетскиот дефицит.

Во статијата на „Република“ се потсетува и дека за функцијата прв европски дипломат се споменуваат и имињата на бугарскиот еврокомесар Кристалина Георгиева и на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим