Ренци: ЕУ мора да ја пронајде својата душа

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави денеска во Европскиот парламент дека Европската унија мора да ја врати довербата во своите институции или ќе остане без иднина.

– Европа покажува уморно лице, наведе Ренци претставувајќи ја програмата на италијанското претседавање со Унијата на пленарна седница во Стразбур, и констатираше дека тоа мора да се промени.

Во получасовен говор тој предупреди дека ЕУ нема да опстане ако не се врати на основните вредности и не ја врати доверба во своите институции.

– Ќе Ви дадам пример: Грција вчера и предаде штафета на Италија, но никој не размислува за тоа како предавање штафета од Перикле до Цицерон, од Аристотел до Данте, туку сите зборуваат за актуелните финансиски проблеми, посочи италијанскиот премиер.

Тој укажа дека краткорочните финансиски проблеми се важни, но не смеат да се испуштат од вид многу сериозните предизвици.

– Предизвик е да ја пронајдеме душата на Европа, рече Ренци, проследен со громогласен аплауз.

– Растот е главната работа, не за оваа или за онаа држава, туку за сите нас, во спротивно ќе останеме без иднина, предупреди италијанскиот премиер додавајќи дека ЕУ мора да го врати местото на глобален лидер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим