Рекордни бројки на новозаразени и во Италија, Грција, Полска, Романија, Холандија…

Од:

Италија регистрира рекордни 31.084 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, а 199 лица починале од Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова е најголемо зголемување на бројот на случаи од почетокот на здравствената криза и повисоко од претходниот рекорд од 26.831 случај регистрирани вчера.

Бројот на смртни случаи е помал од вчера, кога беа регистрирани 217 жртви од Ковид-19.

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Романија се зголеми за 6.546, на вкупно 235.586, соопшти денеска Стратешката комуникациска група (ГЦС). Од Ковид-19 во последните 24 часа починале 103 лица, со што вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 6.867.

Според податоците на ГЦС, изминатиот ден биле извршени 35.335 тестови, додека од почетокот на епидемијата биле тестирани 3.206.567 лица. Вкупно 167.897 луѓе се излечиле од коронавирусот.

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Холандија во изминатите 24 часа се зголеми за 11.119, што е нов најголем број на нови случаи за еден ден, покажуваат податоците на холандскиот Национален институт за јавно здравје.

Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 341.374.

Според порталот Ворлдометерс, во изминатите 24 часа починале 87 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во Холандија од Ковид-19 изнесува 7.345.

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Полска се зголеми за рекордни 21.629, соопшти денеска полското Министерство за здравство. Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 во земјата сега изнесува 340.834.

Министерството соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 22 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 5.351.

Во изминатите 24 часа во Грција во Грција се регистрирани 1.690 нови случаи на Ковид-19, што претставува нов негативен рекорд за земјата, а веќе четврти ден по ред бројот на новозаразени е над 1.000 лица.

Зголемување, освен на бројот на нови случаи, има и во однос на хоспитализираните пациенти приклучени на апарати, вкупно 128, 14 повеќе од вчера. Регистрирани се и уште пет нови смртни случаи од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата, во Грција има 37.196 заразени, а починаа вкупно 620 лица.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски