Рекордни 1,4 тони кокаин конфискувани од јахта крај крајбрежјето на Австралија

Од:

Австралиските власти конфискуваа рекордни 1,4 тони кокаин во вредност од над 240 милиони американски долари, од јахта крај бреговите на сојузната држава Нов Јужен Велс, јави ДПА.

– Кокаинот беше конфискуван од јахта, која патувалата за Австралија за време на операција извршена на 2 февруари, информираа денеска во заедничо соопштение австралиските министерствата за правда и за миграција и заштита на границите.

Во акцијата беа уапсени шест лица, вклучувајќи 63-годишен маж од Нов Зеланд и 54 годишен маж со двојно државјанство на Швајцарија и на Фиџи.

Операцијата е резултат на две и полгодишна истрага, во која учествуваа и властите на Нов Зеланд и Фиџи, изјави претставник на австралиската полиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он