Рекордна излезност на изборите во Шведска

Од:

На парламентарните и локалните избори во Шведска што се одржаа на 14 септември е регистриран поголем одѕив меѓу избирачите во според со претходните избори во 2010 година, јави допинсикот на МИА од Гетеборг.

Вкупно земено излезноста бележи зголемување за 1,24 проценти, што произлегува по дефинитивното пребројување на гласовите, вклучувајќи ги избирачките ливчиња испратени по пошта.

Излезноста на годинашните избори изнесува 85,81 отсто, во споредба со 84,57 отсто од шведските граѓани со право на глас кои излегле на изборите пред четири години, според податоците што ги презентираше шведската Државна изборна комисија.

Високата излезност и ангажираноста на избирачите го поздрави министерката за демократија Биргита Олсон, која посочува дека одѕивот на избирачите во Шведска годинава е највисок во периодот по 1994 година и воедно бележи континуиран пораст почнувајќи од 2002 година.

На парламентарните избори минатиот викенд најмногу избирачки гласови, 31 отсто, освои шведската Социјалдемократска партија, чиј лидер, Стефан Ловен, доби мандат да ја формира новата коалициона влада, додека Конзервативната партија на Модератите, која во изминатите осум години беше носител на владината коалиција, претрпе силен пораз и освои околу седум отсто помалку гласови во споредба со изборите во 2010 година, односно 23,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло