Австралија регистрираше 98 смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие, што е најголем број смртни случаи од болеста од почетокот на пандемијата, но бројот на хоспитализирани опаѓа, па се очекува ситуацијата да се смири.
По брзото ширење на варијантата омикрон, Австралија забележа голем пораст на бројот на заразени луѓе: вкупно околу два милиони случаи во последните четири недели.
Од почетокот на пандемијата до избувнувањето на омикрон, Австралија имаше само 400.000 луѓе заразени со Ковид-19 на 25 милиони жители.
Сепак, иако бројот на заразени е зголемен, стапките на хоспитализација се стабилни во последните неколку дена, односно бројот на хоспитализирани опаѓа трет ден по ред, па тамошните служби се надеваат дека најлошото е зад нив.
Бројот на хоспитализирани се движеше околу 5.000 во последните неколку дена, освен вторникот, кога го достигна врвот на речиси 5.400.
„Генерално, ситуацијата е стабилна… Очекуваме дополнителен пад на бројот на хоспитализирани“, рече шефот на здравството во Квинсленд, Џон Џерард на прес-конференција, пренесе Ројтерс.
Во таа држава трет ден по ред опаѓа бројот на хоспитализирани од Ковид-19, а сега во болница се околу 800 лица.
Но, Џерард предупреди дека пандемијата не е завршена.
„Сè уште не излегувајте да славите, но вестите се добри засега“, рече тој.