Референдум за Фокландите за идниот статус на Островите

Од:

Жителите на малите и далечни Фокландски острови,утре и во в понеделник ќе гласаат на референдумот за идниот статус на овој архипелаг во Јужниот Атлантик.

Околу 1700 запишани гласачи од нешто над три илјади островјани,ке треба да се изјаснат на референдумското прашање,за тоа дали сакаат Фокландските острови да го задржат својот сегашен статус,како прекуморска територија на Велика Британија.

Референдумот е првиот татков случај на овие острови за чиј суверенитет уште од 1830 година спорат Аргентина и Велика Британија,па се означува како историски момент за Фокландите.

Владата во Буенос Аирес инсистира дека островите се дел од суверената територија на Аргентина и бара од Британците да прифатат преговори за суверенитетот,според процесот на деколонизација,затоа што за Аргентинците островите се само британска колонија.

Официјален Лондон,не прифака никакви преговори за статусот на островите,инсистирајки на почитување на одредбите од Повелбата на Обединетте нации за самоопределување.

Владата во Лондон смета дека Аргентина и Велика Британија немаат право да преговараат за идниот статус на Фокландите,без за тоа не се прашаат жителите на островот.Тие се единствените што може да одлучуваат за иднината на целиот архипелаг,инсистира британската влада.

Рефередндумот предизвикува голем интерес во латиномареиканскиот свет,па бројни новинарски екипи веке се наоѓаат во главниот град Порт Стенли,но има телевизиски репортери и од Јапонија и Русија. Гласањето на островјаните го следат и голем број посматрачи од американскиот континент,повекето од земјите на Јужна Америка.
Аргентина го осуди одржувањето на референдумот и веке најави дека нема да ги прифати неговите резултати.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски