Референдум во Швајцарија: На сите граѓани плата од 2.000 евра

Од:

Граѓански активисти во Швајцарија од државата бараат да распише референдум за предлогот да се воведе основна плата за сите возрасни лица.

Комитетот за граѓански активизам бара сите возрасни лица, без исклучок од државата да добиваат месечна плата во износ од 2.500 швајцарски франци (2.040 евра), со цел да се обезбеди финансиска сигурност на целата популација, пренесе „Ројтерс“.

Организаторите на референдумот на швајцарските власти им предадоа повеќе од 100.000 потписи на граѓаните, а потоа пред зградата на парламентот во Берн донесоа камион со осум милиони монети за секој Швајцарец по една.

zname-svajcarskoШвајцарските закони им дозволуваат на граѓаните да организираат популарни иницијативи со кои гневот на јавноста се насочува директно во политичка активност.

Во државата вообичаено се оддржуваат по неколку референдуми годишно.
Во март годинава, швајцарските гласачи изгласаа воведување на една од најстрогите контроли над платите на раководителите на компаниите, па јавните претпријатија мораа на акционерите да им дадат право на глас за компензација за раководителите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски