Повеќето жени во светот претрпеле сексуално вознемирување, а се проценува дека најмалку 75 отсто од светската популација на жени од 2,7 милијарди на возраст од над 18 години, односно најмалку две милијарди биле изложени на сексуално вознемирување.
Покрај тоа, податоци на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека 35 отсто жени или околу 930 милиони, искусиле физичко и/или сексуално насилство од страна на партнерите.
Се проценува дека процентот на жени кои биле жртви на сексуално вознемирување значително варира од земја до земја и се движи од 50 до дури 90 проценти.