Речиси 1.34 милиони луѓе во светот починаа од Ковид-19, над 55 милиони заразени

Од:

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, во светот починале 1.339.130 луѓе, заразени се 55.614.470, а излекувани од инфекцијата се 35.645.800 пациенти.

Бројот на заразените не претставуваат реална слика на пандемијата, бидејќи некои земји тестираат само потешко заболени пациенти, некои користат тестирање за следење на вирусот, додека голем број сиромашни држави имаат ограничени капацитети за тестирање.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 10.724 смртни случаи и 590.690 заразени лица во светот.

Најголем број починати на дневна основа, според новите податоци, се потврдени во САД со 1.313 починати, потоа следува Франција со 1.219 и Италија со 713 смртни случаи.

САД се најтешко погодена земја по бројот на починати и заразени, со 248.707 смртни случаи и 11.360.125 заболени, соопштува Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Потоа следуваат Бразил со 166.699 починати и 5.911.758 заразени, Индија со 130.993 починати и 8.912.907 заболени, Мексико со 99.026 смртни и 1.011.153 заразени случаи и Велика Британија со 52.745 починати и 1.410.732 заразени.

Латинска Америка и Карибите до денеска регистрирале 426.839 починати и 12.163.009 заразени, Во Европа се потврдени 348.711 починати и 15.172.363 заболени, САД и Канада 259.777 смртни и 11.664.823 заразени случаи, Азија 183.922 починати и 11.589.648 заразени, Блискиот Исток 70.968 починати и 2.993.803 заразени, Африка со 47.972 починати и 2.000.762 заразени и Океанија има 914 смртни и 30.064 заразени случаи.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска