Реакции на најавите на САД за признавње на Ерусалим за израелски главен град

Од:

Освен муслиманските земји, критики до САД поради најавеното признавање на Ерусалим како главен град на Израел денеска упатија и Европската Унија, Кина и Русија.

Федерика Могерини, во име на Европската унија, изјави дека статусот на Ерусалим треба да се реши низ преговори меѓу Израелците и Палестинците, при што Ерусалим треба да биде главен град на двете држави, а не само на Израел.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон се придружи на критиките упатени до американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел, како прв чекор кон преместување на американската амбасада од Тел Авив во светиот град.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека тие го признаваат источен Ерусалим како главен град на идната палестинска држава, додека западниот дел на Ерусалим, за нив, е главен град на Израел.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува