Разговараа Путин и Нетанјаху, Газа не била тема

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти прес-службата на Кремљ. Според руските власти, лидерите на двете земји разговарале за напнатата ситуација на Блискиот Исток.

„Руската страна ја потврди својата цврста позиција во корист на исклучиво мирно решавање на проблемите и конфликтите што постојат во регионот“, соопшти Кремљ. Путин ја нагласи важноста од поддршка на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.

Рускиот претседател, исто така, ја изрази подготвеноста на Русија да помогне во изнаоѓањето преговарачки решенија поврзани со нуклеарната програма на Иран.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“